Мапата наречена „I Was Here Scratch-Off World Map 2.0“ ги комбинира двете работи кои секој човек ги обожава: патувањата и лотаријата. Дизајнирана од страна на „Lebedev Studio“ од Русија, оваа огромна мапа, како што кажува самото име, дозволува да ги изгребете (и со самото тоа да ги обоите) сите земји кои сте ги посетиле некогаш. „Оваа мапа е своевиден дневник на секој патувач“ пишуваат дизајнерите во описот на овој забавен изум. Доколку ви се допаѓа., можете и вие да си порачате еден ваков примерок – тука.