Ману Чао на концерт скандирал Македонија

manu050772_117Француско-шпанскиот пејач Ману Чао на своите концерти скандира
Македонија, заедно со имиња на други земји, а публиката му одговара со
делириумски вресоци. Ваквото карактеристично однесување на
полиглот-ѕвездата го коментира и познатиот весник „Њујоркер“.


Француско-шпанскиот пејач Ману Чао на своите концерти скандира Македонија, заедно со имиња на други земји, а публиката му одговара со делириумски вресоци. Ваквото карактеристично однесување на полиглот-ѕвездата го коментира и познатиот весник „Њујоркер“.

– Повеќето ѕвезди и се обраќаат на публиката со зборовите: „Како сте вечерва? Не можам да ве слушнам! Да слушнам малку врева“ и слично. Ману Чао, пак, извикува: „Уругвај!“ – и се слушаат врескања, вика „Костарика“ – публиката е во делириум, вика „Македонија“ – настанува тотален хаос – пишува „Њујоркер“. Очигледно, Ману Чао е меѓу малкуте поп-изведувачи што идејата да бидат глобални музичари ја сфаќаат буквално.

Неговиот последен албум „Ла Радиолина“ е составен од 22 песни испеани на пет јазици – италијански, француски, шпански и португалски, а има и на англиски, кој Чао го научил слушајќи го Лу Рид и читајќи ги криминалистичките романи од афроамериканскиот писател Честер Хајм.

Критичарите велат дека овој албум е најискреното дело на Чао досега, кое го претставува како човек што истовремено го мотивираат и љубовта и тивкиот бес. Во моментов работи на својот нов албум со песни на портанолски јазик (хибрид меѓу шпански и португалски), а соработува и на друг, чии автори се пациенти од психијатриска болница во Буенос Аирес. виа.

Manu Chao – Welcome To Tijuana (во живо)

{youtube}XCb0qfJUZ2w{/youtube}

- Реклама -