Домашен маникир во експресно време

Многу малку работи ви се потребни за маникир во домашни услови. Не треба да се грижите ни за времето што ќе го потрошите, само следете ги следниве неколку совети и ќе имате совршени нокти за само неколку минути.

Најпрво, почнете со обликување на ноктите, а тоа најдобро ќе го направите со турпија. Изберете или коцкаст или кружен облик и сите нокти обликувајте ги на идентичен начин. Прво држете ги ноктите во млака вода неколку минути, за да можете полесно да ги обликувате со турпијата.

За лакот да трае подолго и да има поголем сјај, прво насете еден слој безбоен лак, потоа два потенки слоја од саканиот лак во боја, а на крајот повторно финиширајте со уште слој безбоен, со кој ќе ги намалите шансите за пукање и лупење. Многу е подобро да ставите повеќе тенки слоеви, отколку еден дебел.

По две до три минути од нанесувањето на лакот, ноктите држете ги под млаз многу студена вода. Тоа ќе ги исуши побрзо и ќе го фиксира лакот. Тестирано! 🙂

- Реклама -