Кајли Бисути, поранешниот модел на Victoria’s Secret, го изненади светот кога по своја волја ја напушти престижната модна куќа, за да би му се посветела на Бога и на нејзиното неродено дете. Новоста дека таа е трудна ја сподели со нејзините обожаватели преку интернет односно на нејзиниот Твитер профил.
Таа се откажа од нејзината кариера минатиот фебруари, бидејќи како што изјави шетањето на писта во долна облека и создавало чувство на проститутка.
„8,5 месеци бременост. Не можам да дочекам да го земам во рацете ова мало бебе, и да го запознаам мојот дар од Бога“ напишала таа под фотографијата.
Откако се повлече од светот на модата, Кајли ја објави и книгата под името „Јас не сум ангел: Од модел на Victoria’s Secret до вистински пример“.