Манчевски: Протестите на ВМРО-ДПМНЕ се за внатрепартиска употреба

Правото на протест е легитимно за секој граѓанин и за секоја опозиција, но протестите што периодов ги организира ВМРО-ДПМНЕ се само за внатрешна употреба во рамките на партијата од страна на нејзиното раководство, оцени пратеникот и потпретседател на СДСМ – Дамјан Манчевски, во гостувањето во „Топ Тема“ на „Телма“.

„Ние само што имавме избори пред два месеци и само што го конституиравме новиот собраниски состав. Мислам дека овие протести се само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ. Раководството на партијата е јавно изложено со барања за промени и конгрес, и нормално е тоа – по секои избори особено по изборен пораз да барате доверба од членството.

Последниот протест им беше најавен како борба против сиромаштија, а протестираа со скапи со луксузни автомобили. Тоа е она што ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие, масовното богатење на нивни партиски фукционери. Таквиот протест беше ексклузивен партиски настан на раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Манчевски.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека со деструктивното однесување продолжува и во Собранието:

„ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието сакаше да го блокира изборот на работните тела на Собранието заради барање за Одлука за формирање на комисиите иако претходно на координација сте се согласиле со истата одлука и при тоа што е најинтересно, немавме никаков алтернативен предлог, тоа беше само обид за блокада на Собранието“, рече Манчевски.

- Реклама -