Манчестер Јунајтед по 20. пат шампион на Англија!

Со хет-трик на Робин ван Перси во првото полувреме, Манчестер Јунајтед ја победи Астон Вила и ја завери титулата во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед е новиот шампион на Англија, Црвените Ѓаволи се вратија на тронот.

На четири кола до крајот на сезоната, со победа од 3-0 над Астон Вила, Манчестер Јунајтед ја завери титулата во Премиерлигата.

Робин ван Перси, клучниот човек за Јунајтед оваа сезона го реши и овој натпревар.

Холанѓанецот за половина час успеа да постигне хет-трик и брзо да го реши прашањето околу победникот.

Натпреварот беше отворен уште во 2. минута, по асистенција од Гигс, Ван Перси ја смести топката во мрежата на Гузан за водство од 1-0.

Јунајтед напаѓаше, се редеа шансите кон голот на Вила, Рафаел со одличен удар од далечина ја погоди стативата.

А неколку минути подоцна, центаршут на Руни од средината на теренот, Ван Перси со прекрасен волеј постигнува гол за водство на Јунајтед и од 2-0.

Во 33. минута по нова асистенција од Рајан Гигс, Ван Перси повторно реализира за негов хет-трик и победа на Јунајтед од 3-0.

Манчестер Јунајтед беше убедливо најконстантниот тим во Премиерлигата оваа сезона и сосема заслужено се радува на 20. трофеј шампион на Англија.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -