Манчестер Сити сега го брка Игуаин

Раководството на Манчестер Сити нема намера да го продолжи наддавањето за услугите на Робин ван Перси и наскоро и официјално ќе се повлече од трката по капитенот на Арсенал.

„Граѓаните“ долго време важеа за фаворити за ангажман на холандскиот голгетер, но неговите превисоки лични барања, како и упорноста на Арсенал со сумата од 30 милиони евра за фудбалер што има 29 години и само уште една сезона од актуелниот договор ги натераа челниците на англискиот шампион да го сменат својот став по ова прашање.

„Никој не се сомнева во квалитетите на Ван Перси, но неговите барања се нереални. Тој очекува да заработува по 200.000 фунти неделно дури и откако ќе наполни 32 години, но тоа е сума што не може да му ја понуди буквално никој“ соопшти член на бордот на директори на Манчестер Сити.

Прочитајте и:  Клубовите од Премиер лигата со тежок удар по Манчестер сити

Англиските медиуми најавуваат дека Сити сигурно ќе ангажира нов голгетер во летниот преоден рок, а по најновиот развој на настаните со Ван Перси, „Граѓаните“ ќе го обноват интересот за Гонзало Игуаин. Аргентинскиот ас беше поврзуван со неколку елитни клубови, во меѓувреме соопшти дека сака да остане во Реал Мадрид, но „Граѓаните“ се подготвени да ја тестираат неговата лојалност со понуда од осум милиони евра годишно, што е за 30% повеќе од сумата што Игуаин ја заработува на „Сантијаго Бернабе“.

За очекување е Манчестер Сити да му понуди на Реал Мадрид 30 милиони евра за услугите на Аргентинецот, сума со која што „Кралевите“ би можеле да ангажираат достојна замена за Игуаин.

- Реклама -