Манчестер Јунајтед и натаму најбогат спортски клуб

Манчестер Јунајтед и натаму е најбогатиот спортски клуб на светот. Вредноста на премиерлигашот е 2,23 милијарди долари, објави „Форбс“.

И на второто место се наоѓа фудбалски тим, Реал Мадрид, кој вреди 1,88 милијарди долари. Третото место го делат американските клубови Њујорк Јенкис (бејзбол) и Далас Каубојс (американски фудбал) – по 1,85 милијарди долари.

Во ТОП 10 се и Вашингтон Редскинс (американски фудбал, 1,56 милијарди долари), ЛА Доџерс (бејзбол, 1,4 милијарди), Њу Ингланд Патриотс (американски фудбал, 1,4 милијарди), Барселона (1,31 милијарди), Њујорк Џајантс (американска фудбал, 1,3 милијарди) и Арсенал (1,29 милијарди долари).

Во ТОП 50 се наоѓаат и Баерн Минхен (11. место, 1,23), како и формула 1 тимот на Ферари, па фудбалскиот тим на Милан, како и ЛА Лејкерс (35. место), Мекларен (40. место) и Челзи (фудбал, 45. место).

- Реклама -