Во манастирскиот комплекс Зрзе, прилепско, во тек е реконструкцијата на североисточниот бедем на овој значаен споменик на културата, проект кој е поддржан во рамките на програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура.
Во овој комплекс кој во себе содржи напластени културно-историски и духовни содржини од најстарите времиња до денес, беше реализиран проектот за реконструкцијата на владичиниот конак, а во моментот во завршна фаза е реконструкцијата на монашкиот конак, во кој, според основниот проект, предвидена е работилница за иконопис, копаничарство и други дејности кои се негуваат во монашкото братство.
Во изминатиот период, во манастирскиот комплекс „Зрзе“ беа спроведени големи археолошки истражувања кои резултираа со пронаоѓање на монашка населба од втората половина на 9 век во бигорната карпа и старохристијански комплекс со базилика и гробница на локален маченик од 4, 5 и 6 век.
Во продолжение, погледнете зошто вреди да се посети ова прекрасно место: