Станa рано на сабајле со тапа болка во главата со тап мозок. Шминката и се растече по скаменетото лице со пудра а на здивот и се собраа мушички. Отиде накај купатило и се придржуваше за ѕидовите, пред да ја исповрати цела вечер на дремење на шанк, праење муабет со сексуално настрвен олош, крваво накивен да и улета брутално у меѓуножјето јебозовно и пијано. Влезе у љубовна прегратка со порцеланската шоља и од утробата го извади џин тоникот, јегерите, пивата, штоковите и сите пијачки кој што улетаа под нејзиниот лакт од пијаните камионџии, вратари, шверцери, телохранители и лажните директори со фалц визит карти.
Влезе у Џубокс некаде околу полноќ, а луѓето беа претворени у Вампири, саат време пред тоа. Нејзината другарка веќе распричаваше со еден тип. На фацата беше пудросана ко барокна фасада! Крава опијанета на дрвен коњопој. За пола саат се изгуби со удварачот свој, а малава остана сама и опкружена со фаци налик на оние од Мексичкото подземје.
За некоја минута и улетаа у разговор сите оние што подначуле дека у Џубокс најлесно моеш да преебеш некое женско парче. Таму сите фази на женски отпор траат некаде до 3 часот изутрина. После 3 ја креваш на ушка, ги изнасаш низ врата, се поздравуваш со вратарите, и ја пикаш у гепек! Пијана е и спремна за гмечење као кукла на пумпање од Валијант. Само што куклата не бзди на алкохол и не офка од притисокот во желудникот. Еден пољубац за предигра пред затварање на гепекот, со шмек на преполните пепељари со пикавци, оставени пред влезната врата од локалот!
Алкохолот брзо ја стаса и за некое време забележа дека има бројно запалено друштво околу неа. Пијаните мајмуни навиваа да си ги фати цицките со двете раце. Почна често да иде у ВЦ да си го поправа make up-от, пошто се бришеше од фаците на оние гангстери кои у случај на војна, би биле задолжени да ги силуваат жените на непријателските војници. Џабе и парфеми и се. Мирисаше на џогер со кој што се риба патосот на селска биртија! Секое одење у ВЦ да моча, значеше број плус во нејзиниот именик. Се запозна со сите мочковци и дркаџии кои што улетаа у ВЦ- то кое она го имаше промашено.
Утрото се разбуди во темна соба. Црна дупка го проголта времето од 01 до 06 часот изутрина. Забележа дека до неа лежи некое суштество со голем стомак и затворска тетоважа од КПД Идризово. На десната рака имаше траги од изгасени цигари а на грбот, дебела расекотина од нож. Полека стана, си ја подзабриша росната пичонка, ги натакна штиклите и му ја спрашти накај скали. Одејќи надоле си ја прееба флекницата од штиклата, па мораше боса да оди по Дебар маалските улици. Одеднаш и се пушти цел чопор на џукели, кои намирисаа влажна пичка со шмек на женски хормон Естроген. Трчаше пијанава Пепелашка да не ја раскинат џукели иако предходно ја раскина еден див вепар.
Тоа утро падната во своето купатило ги бришеше раните на колениците додека мобилниот телефон не престануваше да ѕвони. На нејзинот АЛО, следуваше едно манијачко: ЗДРАВО БЕБО…МАЧЕ ШО ПРАИШ…ЗДРАВО ЦУЦО…Го акна својот мобилен а од себе ја тргна целата облека. Во гаќичките најде број од мобилен телефон на кој беше потпишан некој Перо. Перо можеби бил најголемиот фраер у пијаната вечер. Перо и го дал бројчето на малава на многу оригинален начин. Перо никогаш нема да ја дознае телесната температура на малава иако нејзиниот мирис го имаше на прстите. Перо сигурно лока на некоја маса и чека малава да се јави. Тажната приказна заврши кога ова ливче со неговиот број,заврши во клозетската шоља. Топлата вода почна да се слева по нејзиното тело, а мирисот на пијаниот вепар и на писоарот у Џубокс, да одат низ одводот. Право у Вардар. Каде што завршиле многу усрани работи од овој град….
НАПИША: БУЛЕВАРКО