Кога ќе дојдете до одредени животни граници и години, сфаќате дека вашата мајка во голем број од случаите била во право.
Нормално, има и бизарни совети, но во принцип, за повеќето работи кои што ги зборувала таа секогаш точно знаела што е најдобро за нас.
Од сите совети кои ви ги дала вашата мајка, сигурно има и многу вистински, корисни, што секогаш и самите ќе ги употребувате кога ќе станете родители.
Имате ли вие некој совет од својата мајка на кој што секогаш се потсетувате?
„Затворај ја вратата со себе“
Дали сте биле едно од оние деца кои никогаш не ја затвораат вратата кога ќе излезат од собата? Има многу мајки кои викаат дека вратата мора да се затвори. Особено ако просторијата се грее. Тоа го сфаќаме дури кога ќе пораснеме.
„Ќе излезеш облечен/а во тоа“?
Колку пати сте го слушнале ова во своите тинејџерски години? Мислиме дека сме паметни и убави, зар не? Дали мајката била во право кога говорела да не излегуваме толку голи или без јакна? Веројатно тоа го сфаќаме тогаш кога нашите деца ќе дојдат на тие години.
„Немој да останеш предолго надвор“
Е ова сигурно им е познато на сите. А децата толку многу сакаат да излегуваат, да се опуштат и да гледаат филмови до доцна. Сето тоа го менува фактот што утрото ги чекаат обврски, училиште, факултет. И тоа мама го знае најдобро.
„ Носи папучи“
Обично одговорот е „Не ми студи“. Сепак неопходноста од нив ја разбираме со годините.
„Пиј повеќе вода“
Како деца сите сме сакале сокови, а ретко кој обожавал вода. Сега знаеме дека водата е најпотребна за организмот“.
„Не разговарај со полна уста“.
Како деца не разбираме колку е тоа некултурно и погрешно.
„ Ќе разбереш кога ќе имаш свои деца“
Толку е излитена и стара фразава, што нема кој не ја знае. Така си е.