Мајка ѝ на Џеј Ло засрамена: Ќерка ми се однесуваше како напалена тинејџерка

Малкумина може да го заборават жешкиот настап на Џенифер Лопез на „Britain’s Got Talent“.

Но, само еден човек не е задоволен од него.

Настапот на 43-годишната Лопез беше премногу секси, но изгледа на нејзината мајка воопшто не ѝ се допаднало тоа.

Според National Enquirer мама Гвадалупе не била ни малку воодушевена од секси изданието на ќерка ѝ. Таа рекла дека Џенифер се однесувала како напалена тинејџерка.

f

„Таа е многу традиционална, конзервативен католик која верува дека женското тело е резервирано само за сопругот. Ѝ беше срам кога ја виде Џенифер облечена само во садо мазо кожен аутфит и високи чизми и како заведуваше со задникот по сцената“, раскажал анонимен извор за магазинот.

Прочитајте и:  Поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез, а има многу добра причина за тоа 

http://youtu.be/-V14zrSRN2Q

- Реклама -