Малта ја намали возраста на стекнување на право на глас

Парламентот на Малта ја намали возраста на која граѓаните можат да добијат право за гласање на избори. Досега минимумот беше 18 години, а отсега возраст за стекнување право на глас ќе биде 16 години.

Сите 64 пратеници во Парламентот ја одобрија промената.

Малта е втора држава во Европската унија, по Австрија, која ја намали минималната возраст за гласање.

Жителите на Малта на 16 и 17 години ќе ја имаат првата можност да гласаат веќе во 2019-та година, на изборите за Европскиот парламент.

Промената не беше широко одобрена во општеството, јавуваат новинските агенции.

- Реклама -