Рекреирањето на стари слики полека почнува да се претвора во онлајн мода, а браќата Џо и Џеб Лекстен од Лондон несомнено се меѓу главните виновници за тоа.
Нив неодамна им падна на памет идејата да и подарат на мајка си посебен албум, во кој ги повториле кадрите од детските фотографии – во истите пози, со истите алишта (иако години постари), на истите места. За целта ги мобилизирале и својот татко, чичко, па дури и старото домашно куче кое во нивното детство исто така, било сосема мало кученце.
Идејата ја реализирале беспрекорно.
„ Се смеев, а по моето лице течеа солзи … Не можев да поверувам дека времето минува така брзо!” – раскажува нивната мајка.
Сите кадри се брутално смешни и можеме само да сме благодарни на Џо, кој инаку е дизајнер во лондонската компанија Build, што одлучил да ја сподели семејната веселба и во интернет мрежата .