Малку познати хемикалии што ги има во храната што со години ја јадете

Пиридоксал фосфат. Аскорбична киселина. Никотинска киселина. Алфа-токоферол. Менадион. Малкумина знаат, но добар дел од храната што ја јадете содржи барем некои од овие хемикалии.

Без паника. Постои добра причина што ги има во храната која ја јадеме. Набројаниве се исто така познати и како Витамин Б6, Ц, Б3, Е и К.

Енди Брунинг од Compound Interest состави дијаграм кој ги прикажува 13-те витамини во нивната хемиска структура, како и со нивните хемиски имиња.

e6jhqte1vkh8xz7guec4[1]
Кликнете на сликата за да ја зумирате.
Поентата? Во денешно време, кога ќе се спомне дека некоја храна содржи „хемикалии“, нашите аларми автоматски се вклучуваат и предупредуваат на опасност. Но, тоа не значи дека таквото тврдење има било каква конкретна информација што ја пренесува. Вистината е дека витамините што ги јадеме се хемикалии. Природните лекови се исто така хемикалии. И што е најважно, добар дел од нив се многу корисни за нас.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите
- Реклама -