Малите нешта прават голема разлика во креветот. Еве неколку за кои можеби и не сте свесни:
Неговиот струк
Заедно сте, а неговата среќа расте – хоризонтално. Но, таа екстра тежина може да биде добра за вашиот сексуален живот. Дебелите мажи подолго траат во сексот, и тоа во просек над 7 минути, за разлика од нивните слаби „колеги“ кај кои просекот е помалку од 2 минути. Барем вака вели истражувањето објавено во The International Journal of Impotence Research. Телесните масти содржат повисоки количини на секс-хормонот – естрадиол, кој ја забавува машката способност за ејакулација. Сепак, преголемото присуство на масти може да доведе до еректилна дисфункција, што е и честа состојба кај дебелите мажи.
Вашите секс-играчки
Некои од нив содржат опасно високи концентрати на фталати – индустриски хемикалии што ја прават пластиката мека и „течна“, а со тоа и лесна за обликување. Изложеноста на фталати се поврзува со сериозни здраствени проблеми, меѓу кои и пониски нивоа на тестостерон, помал број на сперматозоиди во семената течност, па дури и некои канцери. Побезбедно е да се користат медицински силикони, стакло, метал или дрво, а ако се сомневате, секогаш можете да навлечете кондом на секс-играчката.
Ладни стапала
Универзитетот во Гронингем дојде до заклучок дека половина од двојките не можат да достигнат оргазам, токму заради студените стапала. Кога биле вклучени и чорапи, стапката на успех се искачила на 80 проценти. Комфортот е клучен – областа во мозокот поврзана со гениталната сензација е веднаш до делот што се поврзува со чувствата во стапалата.
Лоши мириси
Секој лош мирис (од вц-то, кујната, кантата за ѓубре) ја принудува потсвеста да ве заштити. Според универзитетот во Њу Мексико, кај мажите и жените што седеле во смрдлива соба, поголем број пројавиле намера да користат кондом, отколку кај оние што седеле во соба со нормален мирис. При непријатен мирис, се активира внатрешниот механизам за избегнување на болести, а при такви услови, сексот и сексуалната желба не се меѓу приоритетите на организмот.
Постар/а или помлад/а брат/сестра?
Студија на Florida Atlantic University покажа дека првородените, во просек, имаат потреба од помалку секс партнери, отколку нивните помлади браќа/сестри. Тие се фокусираат на подолгорочни цели (имање деца порано во животот, на пример), додека помладите се склони кон краткорочни сексуални стратегии. Понуденото објаснување е дека постарите браќа/сестри повеќе се идентификуваат со родителите и воспоставените норми.
Возење точак?!
Жените што возат спортски точаци со рачки пониски од седиштето, барем 16 километри неделно, можат да имаат сериозни проблеми: продолжено губење на чувството во гениталиите! Студија спроведена на тексашкиот A&M Health Science Center, вели дека ваквата положба претерано притиска на меките ткива на перинеумот и подножјето на карлицата.
Дентална хигиена
Мажите со лошо дентално здравје треба да се загрижени. Лошиот здив влијае и на сексуалниот живот. Оние што ја запоставуваат хигиената во устата се 3 пати поподложни на еректилна дисфункција од оние со здрава уста. Неотстранетите бактерии од устата можат да навлезат во крвотокот, што ги задушува крвните садови, а дел од нив можат да бидат и оние што снабдуваат крв до пенисот.