Сте се запрашале како се мувите толку успешни во избегнување на вашите обиди да ги уловите? Па, според новата студија објавена во „Animal Behaviour“, мувата има повеќе време за реакција, бидејќи што помало е животното, може да види повеќе информации за помала количина време. Или попросто, некои мали животни гледаат во „slow-motion“!
Но, како ли научниците успеале да измерат колку информација може животното да види за една секунда? Откако било утврдено дека верверичката што културно ја прашале нема да им одговори, тимот истражувачи се фокусирал на критичната „flicker-fusion“ фреквенција – мерка за тоа колку брзо окото може да процесира сноп од светлина. Тестот се состои од краток блесок на светлина, на пример, 4 пати во секунда, а потоа се проверува дали окото контрактира после секој блесок. Ако „flicker-fusion“ фреквенцијата на животното е помала од 4 контракции во секунда (4Hz), блесоците за него би изгледале како една константа светлина (како забрзана ноќна снимка од сообраќај, за луѓето). Моментот кога трепкачките блесоци стануваат константна светлина е оној што научниците го бараат.
Луѓето, за споредба, гледаат со фреквенција од 16Hz (16 пати во секунда), па видеата мора да го рефрешираат екранот побрзо од 16Hz, за нас да ни изгледа дека гледаме континуирана снимка, а не фрејмови.
Но, како што заклучува студијата, малите животни имаат многу повисока критична „flicker-fusion“ фреквенција од нашата, меѓу кои се сколовранецот, верверичката и гулабот. Генерално, што поголемо и постаро е животното, толку побавно гледа. Дури и кај луѓето, малите деца гледаат значително побрзо од возрасните, што може да има ефект врз моторната око-рака координација. Можеби овде се крие одговорот за серијата слаби игри на Федерер во последно време.