Малите тајни на чевлите

Чевлите во никој случај не се од второстепено значење. Тие се самата основа на елегантниот изглед и нашата платформа за промена. Некои визуелно „одземат“ од тежината, додека други само ја зголемуваат. Вреди да знаеме што точно можат да направат чевлите за нас, па еве неколку идеи за темата:

Чевлите со ремче на глуждот

Непотребно е да се каже дека пресекот на ногата што го прават овие чевли, воопшто не е препорачлив, ако се стремиме кон долги и витки нозе, или спаѓате во пониските девојки. Можете да ги носите само во моментите кога се на врвот на модата, во останатото време е подобро да се држите далеку од нив.

Римјанки

Има нешто многу привлечно во пергаментите каишки, обвини од глуждот нагоре. Потсетувајќи на корсет, римските сандали успеваат да направат нозете да изгледаат прибрани и оттаму послаби.

Балетанки

Правилото на овие чевли е да се носат со тесни панталони никако доколку сте облечени во широко.

Високи чизми

Има нешто дрско во една навистина елегантна чизма. Ниски, бајкерски, каубојски, пиратски, со патент, еластични … не е важно.

Платформи

Безнадежни ако брзаме, но постојани фаворити. Одличен начин да додадеш височина, без да мора да балансираш, како при одењето на високи потпетици.

Високи потпетици

Овие чевли и прилегаат совршено речиси на секоја жена. Внимавајте бидејќи истите можат да не ви одговараат доколку ги носите со одредена боја или дезен на хулахопски.

 

- Реклама -