Малиот Анди од Гостивар светски првак во современ танц

Младиот Анди Исмаили од танцовото студио „I Dance” од Гостивар е новиот светски шампион во категоријата современ танц соло деца на Светското првенство кое се одржува во Осса, Полска.

Победничката кореографија со наслов „Don’t answer the phone” е дело на Андријана Петковски од „Брејк а Лег”, додека тренери на Анди се Вулнет Незири и Сарита Селмани од танцовото студио „I Dance”.

- Реклама -