За да уживате повеќе во водењето љубов, но и да го усреќите партнерот, би требало да се опуштите и да се изборите со комплексите и непотребните опсесии. Еве кои се најчести.
1. Никој не изгледа совршено, затоа немојте да се оптоварувате. Допуштете му на мажот да го сака вашето тело, наместо да се жалите дека имате преголем стомак, опуштени гради и целулит на задникот. Претставниците на посилниот пол не ги забележуваат мааните и не им пречат, особено доколку некоја жена многу ги привлекува сексуално. Затоа опуштете се и препуштете му се на партнерот, фокусирајте се на допирите и бакнежите, на неговото, а не на своето тело.
2. Ако сте оние кои го казнуваат партнерот со скратување на интомноста и нежноста, тогаш немојте ни да очекувате дека вашиот сексуален живот ќе биде добар. Блискоста е клучна состојка во врската и не би требало да ја користите како „оружје“ при расправии.
3. Кога ќе ви пријде, често одговарате дека не ви е дојдено до секс. Одбивањето на мажот на овој начин катастрофално се одразува на љубовта и бракот, партнеровото либидо и самодовербата, но и расположенито бидејќи тоа сигурно ќе го изнервира.
4. Многу жени толку се опуштаат во врската, што покрај постојаниот партнер не им паѓа на ум да се дотераат, нашминкаат или да облечат нешто секси. Сепак, без уредност и во стара тренерка не очекувајте дека на партнерот ќе му бидете секс симбол. Сетете се како сте се дотерувале кога за прв пат сте воделе љубов. Од време на време покажувајте му на партнерот дека онаа жена која што ја засакал, се уште постои.