Малер писмо за развод

Ова е писмото што еден маж и го испратил на сопругата, со цел да и каже дека се разведува. „Помалер“ писмо тешко дека некогаш било пратено.

[su_quote]

Драга моја,

Ти го пишувам ова писмо за да ти соопштам дека те напуштам засекогаш. Ти бев добар сопруг 7 години, ама последниве 2 недели беа вистински пекол. Твојот шеф ми се јави за да ми каже дека си дала отказ и тоа беше последната капка што ја прели чашата. Минатата недела се врати дома и не ни забележа дека имам нова фризура. Ти го подготвив омиленото јадење и те дочекав во свилени боксерици, а ти се најаде за две минути и си отиде во кревет, веднаш штом ги изгледа сите сапуници на телевизија. Веќе не ми кажуваш дека ме сакаш, не сакаш секс и не правиш ништо за да ми покажеш дека сум ти битен. Или ме изневеруваш, или не ме сакаш. Што и да е проблемот, веќе не е важно, заминувам.

Твојот бивш сопруг

П.С. Не се обидувај да ме пронајдеш. Јас и сестра ти се селиме. Уживај во животот.[/su_quote]

karma

И тука кармата стапува на сцена. Еве го одговорот:

[su_quote]

Драг мој бивш сопругу,

Ми го разубави денот со писмово. Точно е дека сме во брак веќе 7 години, ама ти веќе не си она што беше порано. Гледам сапуници и серии, зашто во нив глумците помалку плачат и кукаат отколку ти. Ама не помага… Забележав дека си се шишал минатата недела, ама само едно нешто ми падна на памет – дека изгледаш баш како девојка. Мајка ми ме научи да не зборувам ништо, освен ако немам нешто убаво да кажам, па решив да молчам. Што се однесува на моето омилено јадење, мора да си ме помешал со мојата сестра, бидејќи престанав да го јадам тоа пред 7 години. Се свртев по твоите нови боксерици, ама од една причина – на нив висеше цена од 49.99 долари, што ме изненади, бидејќи сестра ми истиот тој ден ми побара на заем 50 долари.

И после се, јас те сакам и мислев дека можеме да ги решиме проблемите. Добив 10 милиони долари на наградна игра. Затоа дадов отказ. Купив две карти за Јамајка, ама кога се вратив дома, тебе веќе те немаше. Веројатно се се случува со причина…

Се надевам дека ќе уживаш во животот. Адвокатот ми рече дека заради писмото што ми го напиша, нема да добиеш ни долар.[/su_quote]

- Реклама -