„Малечкиот“ Сталин

1786408_original[1]

Култот кон личноста на Сталин, неговите статуи и најраспространетите фотографии и слики, го тераат човек да мисли дека човекот бил џин. А всушност, поранешниот советски лидер и сопственик на славен брк бил висок само 165 сантиметри, помалку или повеќе.

Ова е далеку потпросечна висина за маж во многу региони од светот денес, но во неговото време (кога станувал маж), не било баш така, а просечниот Русин бил висок околу 173 сантиметри. И покрај тоа што бил само малку понизок од просекот, Сталин одел до луди крајности за да ја скрие својата вистинска висина од јавноста, како што било случај и со други свои помалку видливи недостатоци.

Сталиновиот стремеж да се прикаже како повисок несомнено е поврзан со подбивните коментари од претседателот на САД – Хари труман (кој бил висок 176 сантиметри), кој го нарекувал Сталин „the little squirt“. Григол Уратадзе, човекот што бил затворен покрај Сталин за време на својот период како револуционер, исто така, го опишува како невпечатлив човек со „чуден и бавен од“ со мали чекори. Милован Ѓилас – поранешен југословенски политичар, во својата книга исто така спомнува дека Сталин бил „малечок“, со „трапава градба“.

„The little Squirt“ на кој алудирал Труман.
„The little Squirt“ на кој алудирал Труман.

Покрај нискиот раст, левата рака на Сталин била пократка од неговата десна, со малку „исушена“ дланка, настаната како резултат на повреда со која се здобил кога имал 12 години – бил удрен од коњ и како резултат добил сериозно труење на крвта. Иако Сталин поврати најголем дел од функцијата на неговата рака низ текот на животот, таа беше впечатливо повкочанета и понесмасна, а се зборувало дека не може целосно да ја испружи во лактот. Најчесто, Сталин го криел ова така што ги прекрстувал рацете една преку друга кога го фотографирале, или ја ставал левата рака во џебот.

Згора на ова, лицето на Сталин било покриено со траги од мали сипаници, од скоро смртоносната зараза која ја добил кога имал 7 години, траги кои ги прекривал, меѓу другото, и со неговиот грижливо негуван брк.

И покрај ова, култот кон личноста на Сталин создаде сосема поразлична слика, а во тоа учествуваа и уметниците кои го сликаа, веројатно затоа што унесреќувањето на Сталин во пикот на неговата моќ било најдобар начин да престанеш да дишеш, па и да бидеш избришан од сите можни документи и сведоштва. Така, речиси секоја официјална фотографија, слика или скулптура, го претставува како човек со гигантски раст, барем глава повисок од неговите подредени.

Сталин исто така инсистирал Михаил Геловани, актерот кој го добил личниот негов благослов да го портретира во филмови и друга пропаганда, да не прифаќа улоги кои подразбирале портретирање на неговиот лик како да е обичен смртник.

За да ја одржи оваа илузија при личните средби, Сталин исто така носел чизми со тајно и значајно подигнат ѓон, а често позирал за фотографии стоејќи на подигната платформа или позициониран понапред од тие околу него. Тие пак, се разбира, немале ни најмала намера да се шегуваат со неговата желба за растење, што не било случај со Хари Труман и Винстон Черчил, кои во најмала рака, тоа го сметале за забавно.

Патем, и Сталиновата резиденција во Сочи била специјално конструирана со неговиот раст на ум, од столиците па до скалите што биле направени малку помали од вообичаените, за Сталин да може потполно удобно да ги искачува. Дури и базенот не бил подлабок од 1.2 метри во најдлабоката точка, бидејќи Сталин не знаел да плива (макар што уживал да шета од крај до крај во него).

Во неговата резиденција и ден денес може да се забележат пониските од обично маси за билијард, паралелно со помал стап за билијард – оној кој диктаторот го користел. Не дека му требал, бидејќи откако Сталин дошол на власт, наводно нема изгубено ниту една партија против некој од неговите стражари, нешто налик на Ким Јонг Ун кој погоди 11 дупки од прва, кога прв пат фати да игра голф.

- Реклама -