Мала стрип-лекција

s.jpg Иако сите сме чуле за Супермен, Бетмен и Спајдермен, со овој текст сакам малку подобро да ве запознаам со нив. За почеток, заборавете на се што сте виделе од филмовите, или цртаните. Тие се стрип јунаци, а стрипот е сосема друг свет (верувајте). Па, еве неколку работи за нив кои би можеле да ве заинтересираат.

Иако сите сме чуле за Супермен, Бетмен и Спајдермен, со овој текст
сакам малку подобро да ве запознаам со нив. За почеток, заборавете на
се што сте виделе од филмовите, или цртаните. Тие се стрип јунаци, а
стрипот е сосема друг свет (верувајте). Па, еве неколку работи за нив
кои би можеле да ве заинтересираат.

СУПЕРМЕН

clarkes_-_superman.jpg

– Супермен е креиран од Џо Шустер и Џери Сиџел во 1932. (да, тој е прилично стар)
– Прв сопственик на името Супермен бил еден ќелав телепатски злосторник кој владеел со светот. Истата година(1933), нов лик е измислен, и тој го добива името Супермен, кој нема никаква врска со првиот, ќелавиот.
– Името Кларк Кент е добиено со комбинирање на имињата на Кларк Гејбл и Кент Тејлор. Името на градот Метрополис е добиен по култниот филм Метрополис од 1927, кои и Џо и Џери го обожувале.
– Оригинално, Супермен бил замислен како спречува гангстери, мафијаши и силувачи, користејќи многу поагресеивни методи. Но, според стрип компанијата, тоа не претставувало добар морал(ако спречувањето силувачи не претставува добар морал, тогаш што претставува?), па во 1940 издава анекс со кој му се става забрана на Супермен од понатамошно убивање. Така, ликот се омекнува, и го добиваме денешниот Супермен.
– Во 1990 Супермен е убиен од чудовиштето Doomsday(но, немајте гајле, тој воскреснува). Во 1996 се жени со Лоис Лејн.Во 2000 станува вегетеријанец. Во 2006 ги губи своите моќи(ги добива пак во иднината).
– На почетокот тој бил замислен само како скока многу високо(нешто како скакулец).Но, кога дошло време да се прават цртаните, на цртачите им било тешко тоа да го претстават преку анимација, па ја замолиле стрип компанијата да ги зголеми неговите моќи, и така го направиле да лета.
– Џери и Џо правата за името Супермен ги продаваат на стрип компанијата за 130 долари(?).Од тогаш натаму, речиси цел живот се тужат. Сепак, стрип компанијата, иако нема никаква легална обврска кон нив, чуствува дека има морална обврска, и решава дека секаде каде што ќе се појави името Супермен ќе пишува „креиран од Џо Шустер и Џери Сиџел“.(фер си е фер)
– Црвената наметка на Супермен е всушност ќебето во кое тој бил завиткан кога бил лансиран на Земјата.(да, вонземјанин е)
– Бидејќи и Џо и Џери се евреи, се смета дека Супермен е измислен под влијание на Мојсеј. Криптонското име на Супермен, Кал-Ел, е сличен на хебрејскиот збор קל-אל,  кој значи „орудие на Бога“. Суфиксот Ел, кој значи „на Бога“, може да се најде и во имињата на некои ангели (Габриел, Ариел), кои исто така летаат, и имаат натчовечки способности. Супермен многу често е и гледан како аналогија на Исус, бидејќи и тој е спасител на човештвото.
– Во 2004 каналот VH1 Супермен го става на второто место на Top Pop Culture Icons. Истата година, Британската кинематографија го прогласува за најголемиот суперхерој на сите времиња.


БЕТМЕН

250px-batmanlee.jpg

– Бетмен е креиран од Боб Кејн и Бил Фингер, но само Кејн ја добива заслугата.
– Ликот Бетмен првпат се појавува во Мај 1939(да, и тој е стар)
– На првичните цртежи Бетмен изгледал исто како Супермен, со црвенкасти хеланки и домино маска(каква што носи Робин)и позади имал крилја како на лилјак.Но, откога размислиле, увиделе дека крилјата би му се искршиле во борба и дека му треба многу пострашна маска. Ракавиците му се додадени за да не остава отпечатоци.
– Името Брус Вејн е добиено по Роберт Брус, шкотски патриот, и Ентони Вејн.
– Бетмен на почетокот немал никаква грижа на совеста убивајќи луѓе, и откако во едно издание застрелал чудовиште до смрт, на неговиот лик му ставаат забрана да користи оружје. Објаснувањето за ова е дека Бетмен не користи огнено оружје, бидејќи неговите родители биле застрелани со огнено оружје.
– Во доцните 50ти Бетмен го популаризираат повеќе во СФ жанрот, од причина што сите други ликови на стрип компанијата биле во СФ жанрот.
– Во 1964 продажбата на стриповите драстично паднала, и сите мислеле дека тоа ќе биде смртта на Бетмен. Затоа, издавачот направил некои драстични измени. Бетмен повторно го ставаат во детективскиот жанр, и го модернизираат неговиот костум(тогаш му го ставаат жолтото знакче на неговите гради). Тоа време неговиот батлер Алферд умира, и со Брус доаѓа да живее неговата тетка Хариет. Другите ликови, како жената-мачка и вонземјаните, ги „пензионирале“ на некое време.
– Не е само еден Робин. Бетмен досега имал три помошници, три Робини. Првиот, Дик Грејсон(Робин од филмовите), во 1980 се разделил од Бетмен и станал друг суперхерој, „Nightwing“. Вториот Робин е Џејсон Тод, кој се сретнал со Бетмен кога му ги крадел гумите од Бетмобилот(сериозно!). Тој бил убиен од Џокерот, но потоа воскреснува и се бори против Бетмен, неговиот ментор(на што личи тоа бе?!). Третиот Робин, Тим Дрејк, се појавува во 1989, и подоцна ќе постигне голем успех со своја сопствена стрип-серија.
– Во првите стрипови Брус Вејн има свршеница, Џули Медисон.
– Убиецот на неговите родители, Џо Чил, никогаш не е фатен и идентификуван. (во стриповите, а во „Batman Begins“ е уапсен и подоцна убиен)
– Магазинот „Forbs“ Брус Вејн го стави на 7 место на најбогати фиктивни ликови, со неговите 6.8 билиони долари.
– Сексуалната ориентација на Бетмен отсекогаш била тема на дискусија. Многумина сметаат дека неговото партнерство со Робин е многу повеќе од „партнерство“. Се смета дека дури и дека баш поради тоа прашање кое се јавило во јавноста, се уфрлени ликовите како жената-мачка и бет-жената. Издавачите го негираат ова, и тврдат дека нивниот лик не е хомосексуалец.
– Постои серија стрипови во кои Бетмен и Супермен се тандем. Оваа серија се вика Worlds Finest. Но, дури и во таа серија, тие не можат да се поднесат.
– Бетмен може да ги победи сите!Дури и Супермен, во еден стрип.
– Супермен за него има изјавено дека е „најопасниот човек на планетава“.

СПАЈДЕРМЕН

spider-man547.jpg– Спајдермен не е од истата компанија на Супермен и Бетмен(тие се од „DC Comics“, а тој е од „Marvel“)
– Креиран е од Стен Ли и Стив Дитко во 1962.
– Во 60тите немало супер-херој тинејџер. Тинејџерските ликови во стриповите обични биле само помошници. Спајдермен е прв тинејџер супер-херој.
– Спајдермен не е совршен лик, има финански проблеми, егзистенцијални права и не му оди добро со девојките. Баш затоа тој е толку добро прифатен од публиката. Затоа што тој е еден од нас.
– Стрип компанијата многу ризикувала со Спајдермен. Имало дилеми за тој лик, бидејќи звучи премногу како Супермен, а и никој не сака пајаци. (иако сакале нивниот нов лик да има име на инсект, технички, пајакот не е инсект)
– Спајдермен во текот на својата „кариера“ сменил 3 костума:традиционалниот црвено-плав, еден црно-бел и еден кој е технолошки напреден.
– Тој нема чизми(речиси сите супер херои имаат), бидејќи тешко би се вклопиле со неговите способности за качување. Маската му е додадена за да му се сокрие неговиот детски лик.
– Првата идеа била тој да најде прстен во пајакова мрежа, и така да ги добие своите моќи. Но, тоа е сменто со каснувањето на радиоактивниот пајак.
– Мери-Џејн Вотсон не му е единствената негова девојка(како што не учат филмовите). Неговата прва љубов е Гвен Стејсу, која е убиена од Зелениот Гоблин. Подоцна, тој се жени се Мери-Џејн. И подоцна, тој го открива својот идентитет на светот.
– И Спајдермен одвреме навреме има партнер. “Црната Мачка“, чиј вистински идентитет е Фелисија Харди. Едно време и Фелисија му била девојка. Види го ти него.
– Од 2005 и 2006 неговите моќи се зголемуваат. Тој сега има способност да лепи луѓе на неговиот грб, има ноќен вид и може да испушта токсични отрови.
– Спајдермен е најзафатениот супер-херој!!!!!Само тој има работено со речиси сите други супер-херои.
– Спајдермен е неофицијалната маскота на „Marvel“
– Спајдермен е цар!!!!! (ова јас го додадов, ама сигурен сум дека ќе има некои стрипови каде што ќе излезе дека е цар на нешто:)

- Реклама -