Рејтингот на одобрување на рускиот претседател Владимир Путин го достигна историскиот максимум и е речиси 90%. Ова го соопшти ТАСС, повикувајќи се на податоци на Рускиот центар за истражување на јавното мислење.
Според истражувањето на центарот, објавено денеска, рејтингот на одобрување за активностите на Путин постави нов рекорд – 89, 9%. Претходниот максимум е забележан во јуни оваа година (во средината на месецот – 89,1%).
Руските социолози го објаснуваат високото ниво на поддршка за Путин со успешните авиоудари на руската авијација против “Исламска држава” и настаните во Сирија.
Истражувањето е спроведено на 17 -18 октомври. Анкетирани се 1.600 лица од 130 населени места во земјата.