Макрон проба, ама не успеа ни тронка да го утеши Мбапе (ВИДЕО)

„Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер, по поразот од Аргентина во спектакуларното финале на СП во Катар.

Макрон го следеше мечот од трибините и секогаш кога камерата ќе го уловеше беше очигледно дека поминал низ истата бура од емоции низ која минуваа и милионите гледачи и фудбалски фанови ширум светот до дадениот момент. По мечот, иако беше очигледно дека многу тешко му падна поразот, Макрон се симна на теренот за да ги утеши француските фудбалери.

Посебно внимание, очекувано, му посвети на Килијан Мбапе, кој одигра натчовечки и беше најзаслужен што Франција се враќаше од пораз и беше и на влакно до победа. Тој постигна осум голови, од кои три во овој финален меч против Аргентина, и стана најдобар стрелец на првенството. Но Франција остана на двете титули од 1998 и 2018-та, и очигледно беше дека ништо не можеше да го утеши Мбапе, ниту да му изнуди макар и кисела насмевка макар на една секунда. Дури ни Макрон.

- Реклама -