Макрон: Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Срби

Париз и Берлин денеска во Молдавија апелирале до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, и на нив да учествуваат и српски претставници, информираше францускиот претседател Емануел Макрон.

По заедничките средби на Макрон заедно со германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово – Александар Вучиќ и Вјоса Османи, францускиот лидер изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои само три отсто запишани гласачи на 23 април излегоа да гласаат.

„Ги повикавме двете страни да организираат нови избори што е можно поскоро во четири општини (на северот на Косово) и на нив да учествуваат српските претставници“, изјави Макрон по заедницата на Европскиот политички самит.

Прочитајте и:  Вучиќ за Би-Би-Си: Никогаш не сме го признале Косово, нормализацијата значи дека го чуваме мирот

По самитот во молдавското село Булбоака, Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Косово за одржување нови избори.

Во близина на зградите на локалните самоуправи во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан денеска продолжија протестите на Србите, четврти ден по ред. Десетици луѓе од двете страни беа повредени во судирите меѓу граѓаните и војниците на КФОР и припадниците на косовската полиција во понеделникот.

Извор: МИА

- Реклама -