Макрон ни го честита Денот на независноста

Францускиот претседател Емануел Макрон му испратил честитка на претседателот Стево Пендаровски, во која нему, како и на сите граѓани, им го честита националниот празник на Република Северна Македонија – Денот на независноста.

Во писмото Макрон ги истакнува стапувањето на сила на Преспанскиот договор и потпишувањето на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО како најважни настани во оваа година за земјава и истите ги поздравува, како значајни постигнувања со кои, како што вели, се унапредуваат стабилноста и развојот на Северна Македонија, но и на регионот на Балканот.

Макрон повторил и дека Франција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, а посакува и Европската унија што побрзо „да ги прецизира начините за да ѝ овозможи на оваа перспектива да биде дел од неопходната реформа за функционирањето на ЕУ, за да може да ја гарантира нашата стабилност и нашата заедничка иднина“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

„Посакав Франција да го зголеми својот конкретен ангажман на државно ниво, во полза на стабилноста и на развојот на земјите од Западен Балкан изготвувајќи национална стратегија за регионот. Стратегијата предвидува зајакнување на нашите политички контакти и на билатералната соработка во четири области: економски и социјален развој, безбедност, правда и одбрана. Што се однесува до економскиот и социјален развој, посакувам што побрзо да се потпише договорот меѓу нашите две земји со кои се дефинираат условите за делување на Француската агенција за развој во Северна Македонија“, стои во честитката од Макрон, соопштува Амбасадата на Франција во Скопје.

- Реклама -