Макрон до Нетанјаху: Операциите во Газа мора да „престанат“

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласил дека бројот на загинати во Газа е „исклучително висок “ и дека операциите на Израел таму „мора да престанат“, соопшти Кабинетот на Макрон.

Макрон го изрази „цврстото противење“ на Франција на израелската офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Газа и истакна дека договорот за прекин на огнот треба да се постигне „без дополнително одлагање“.

Според него, императив е да се отворат „сите премини“ во Газа со цел да се достави помош на палестинската територија.

Прочитајте и:  Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел, подготвена e да започне операции доколку се почувствува загрозена
- Реклама -