Макрон напиша поема за британска тинејџерка

13-годишна британска тинејџерка добила невообичаен подарок за нејзиниот роденден – поема напишана лично од францускиот претседател.

Неговата поема е всушност одговор на поемата која девојчето ја напишало за Ајфеловата куќа, за време на семејниот одмор во Париз.

Идентитетот на тинејџерката не е познат, единствено се знае дека се вика Софи.

Таа била воодушевена од Ајфеловата кула, што напишала песна и ја испратила до Елисејската Палата, во која во тоа време бил тогашниот претседател Франсоа Оланд.

Сегашниот претседател Емануел Макрон ја прочитал поемата и напишал негова, одговор на оригиналната, која ја испратил до Амбасадата во Британија. Оригиналот е напишан на француски јазик, но Француската амбасада направила превод на англиски и фотографијата ја објавила на профилот на Твитер.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -