Макрон: Да се ​​биде сојузник на САД не значи да се биде нивни вазал

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека да се биде сојузник на САД не значи да се биде нивен вазал, потврдувајќи ги претходните свои изјави за Тајван.

„Да се ​​биде сојузник не значи да се биде вазал. Да се ​​биде сојузник не значи дека веќе немаме право да размислуваме со своја глава“, рече тој на прес-конференција во Амстердам.

„Франција е за статус кво во Тајван, ја поддржува политиката на една Кина и бара мирно решение на ситуацијата“, истакна тој.

Макрон предизвика бран на недоразбирање во САД и Европа барајќи од Европската унија „да не ги копира“ Вашингтон и Пекинг за прашањето на Тајван. Изјавите веднаш беа протолкувани како дистанцирање од Вашингтон, кој од почетокот на руската офанзива ѝ пружа сесрдна помош на Украина.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

„Макрон е наш пријател, а во исто време ѝ се додворува на Кина“, изјави поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Макрон, пак, изрази жалење што Трамп „придонесува за ескалацијата“.

„Додека беше претседател, јас не ги коментирав неговите изјави, па нема да го сторам тоа ни сега, кога тој повеќе не е претседател“, рече Макрон.

„Позицијата на Франција и на Европејците за Тајван е иста: ние сме за статус кво. Таквата политика е константа, не е променета“, категоричен беше тој во Амстердам.

Извор: МИА

- Реклама -