Макпетрол со реакција за одземањето на лиценцата за вршење енергетска дејност и складирање на сурова нафта

Makpetrol

Макпетрол АД Скопје објавува дека заклучно со 04.04.2016 година му истече Лиценцата за вршење на енергетска дејност складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.

Макпетрол АД Скопје благовремено поднесе барање за продолжување на лиценцата на 10.07.2015 година и во прилог достави документација на основа на која и беше издадена лиценцата во 2005 година.

Регулаторната комисија за енергетика со Заклучок УП1 бр.11-90/15 од 02.10.2015 година, незаконито времено ја продолжи лиценцата за шест месеци и побара да се достави дополнителна документација која не е во сопственост на Макпетрол АД Скопје ниту истата може да ја обезбеди.

Макпетрол АД Скопје почнувајќи од 05.05.2016 нема да презема никакви дејствија во поглед на располагањето со резервите за кои е складиштар и воедно не презема никаква одговорност за последиците кои би произлегле.

- Реклама -