Маќедонци: Сé додека Радоичиќ е на слобода можни се нови терористички напади во Косово

Министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци смета дека сé додека, како што го нарече, „главниот терорист“ Милан Радоичиќ е на слобода во Србија, не се исклучени нови терористички напади врз земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Сепак, изјави Маќедонци за РТВ21, Косовските безбедносни сили се подготвени да ја заштитат територијата и граѓаните на Косово.

„Се додека Радоичиќ и неговата група продолжат да бидат слободни, сè додека нема одговорност од Србија, сметаме дека може да има [повторно такви напади]. Се подготвуваме да се соочиме со секоја опасност. Подготвени сме да ја заштитиме територијата и граѓаните на Република Косово“, изјави Маќедонци.

Поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ ја презеде одговорноста за организирањето на терористичкиот напад на 24 септември 2023 во Бањска во северно Косово, во кој загина припадник на косовската полиција, а во престрелката што уследи беа убиени и тројца од групата Срби кои го извршија нападот.

Прочитајте и:  Маќедонци: Изградбата на фабрика за муниција во Косово е во координација со САД и другите партнери
- Реклама -