Според податоците Македонското вино дефинитивно се повеќе прераснува во светски бренд со печат кој гарантира квалитет.
Лани бил регистриран најголемиот извоз на вино досега. Извезени се над 885 илјади хектолитри чија вредност изнесува 50 милиони евра. Тоа, споредено со просечниот извоз на вино од периодот 2007 – 2012, изнесува зголемување за 48 отсто според количината и за 24 отсто според вредност, објави порталот Лидер.
Извозот на вино во ЕУ е зголемен за 45 отсто, а просечната цена е зголемена за 10 евра по хектолитар споредено со 2012 година.
Раст е забележан во извозот на вино во шишиња, и тоа во Германија, Словенија, Угарија, Словачка, Кина и Русија.
Просечната постигната цена на извезеното вино од Македонија е највисока во последните 10 години – 56,32 евра по хектолитар.
Eкспертите кои ги консултира порталот велат дека Македонија станува препознатлив бренд за вино со добар квалитет. Според нив, добро е и тоа што на странските пазари и за разлика од минатото кога најголем дел од извозоот беше наливното вино со многу пониска вредност, сега се пласира вино во шишиња со далеку подобар квалитет.