Македонското МНР вечерва во боите на Украина

Македонското МНР вечерва светна во боите на Украина, во знак на солидарност во очи на годишнината (24 февруари) од почетокот на руската инвазија врз земјата, соопшти министерот Бујар Османи.

„И по една година од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода и зачувување на споделените демократски вредности“, напиша Османи на неговиот Фејсбук профил.

Тој потсети дека земјава уште од првиот ден излезе со најостра осуда на руската агресија и повик за итен прекин на воените дејствија и итно враќање на мирот.

„Како земја претседавач со ОБСЕ, Украина е наш главен приоритет. Посветени сме во напорите да ставиме крај на оваа неоправдана војна. Страдањето на луѓето мора да запре!“, порача Османи во објавата, повторувајќи го апелот што го испрати и од говорницата во Обединетите нации.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -