Македонско девојче во блокбастер на „Марвел“ покрај Скарлет Јохансон

„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментот го снима филмот на ‘Марвел’, ‘Црната вдовица’, што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“ – напиша на Твитер агентот на младата Македонка – Симона Живковска, соопштувајќи ги добрите вести за ангажманот на Симона во филмот „Black Widow“, во кој во главната улога ќе се појави, ни помалку ни повеќе, туку фантастичната и најплатената во моментов – актерката Скарлет Јохансон.

Симона, инаку, има 25 години. Родена е во 1994-та во Скопје, а има мешано потекло – македонско и од Западните Инди (регион во Атлантикот од кој дел се и Карибите). Од 2001-ва Живковска е преселена во Велика Британија, каде што ја започнала својата актерска кариера.

Освен што ќе ѝ парира на Јохансон со својата убавина (види фото), планира и посакува и да ја направи Македонија горда. По бројните честитки и големата поддршка што ја доби на Твитер, таа напиша:

„Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда!“.

- Реклама -