Откако беше неодамна донесена одлука која им забрани на свештените лица и монасите да користат социјални мрежи, сепак МПЦ реши да се повлече чекор назад.Тоа значи дека иако ограничено, поповите и владиците ќе можат да користат Фејсбук.
„Ќе се допрецизираат начините на кои ќе може да се користи оваа социјална мрежа со оглед на реакциите кои се појавија во јавноста откако беше донесена одлуката,“појасни денеска епископот Климент.
Според извори од Синодот, во текот на седницата било истакнато и дека забрана за користење на Фејсбук немало, туку истата била погрешно протолкувана. Имено, Светиот Синод на МПЦ во октомври наложи свештенството да не користи Фејбук за да го „заштити од злоупотреби и од новиот феномен на исповед и интимни конверзации со младите луѓе“.