Македонските мајки растураат во хип-хоп

12910902_10153986399298286_1316074797_n

Мајките од танцовиот клуб “Брејк а Лег” од Скопје беа главната атракција на Меѓународниот Танцов натпревар – Македонија Опен 2016. Одличната игра ја крунисаа со прво место и пласман во гала свеченоста каде се претставија најдобрите кореографии од вкупно 2500 танчери.

12899698_10153986399293286_1426946978_n

Ова е прва воопшто ваква екипа во историјата на македонскиот танц, а веќе еднаш се натпреваруваше на Светското Првенство во хип-хоп во Италија. Тие се ентузијасти и веруваат дека може да се промени свеста и стереотипите на ова поднебје и дека овој вид танц ќе биде сé попопуларен кај повозрасната популација.

Покрај огромниот успех на мајките, сениорската хип-хоп група на „Брејк а Лег“ ја освои главната награда – за најдобра група на Македонија Опен.

- Реклама -