Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18. години, на турнирот што се одржува во Чешка направи потег кој предизвика симпатии на социјалните мрежи.
Вчера пред натпреварот со Украина, на турнир во Чешка македонските фудбалски надежи, тоа „Северна“ или North го покриле, па на таблата пред соблекувалната остана само Македонија.
Нашите фудбалери одлично го започнаа натпреварот, уште во четвртата минута преку Методиј Максимов успеааја да поведат со 1:0. Украинските фудбалери успеаја да израмнат во уште во првото полувреме со голот на Слусиар, а победничкиот гол беше постигнат во 82. минута и тоа благодарение на нашиот голман Николовски кој си постигна автогол по центаршутот на Украинците.
Македонија на дуелот против Украина настапи во следниот состав: Николовски, Костовски, Ѓурковски, Терзиев, Асани, Тодоровски, Николов, Станковски, Фета, Максимов, Илијевски, а играле уште и Парталко, Новевски, Рамани и Фетаи.