„Деца на Сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, утре ќе го затвори култниот филмски фестивал за кинематографија „Браќа Манаки“, а според најавите освен режисерот, ќе присуствува и голем дел од актерската екипа.
Билетите за премиерата биле веќе распродадени, а потоа на 25 септември филмот ќе ја доживее својата светска премиерана големиот 22 по ред Интернационален филмски фестивал „Реинденс“ во Лондон.
Филмот, исто така, ќе се натпреварува во официјалната конкуренција на фестивалот.
За филмот
„Деца на сонцето“ е филм на Антонио Митриќески, чија што премиера ќе се одржи во септември.
Се работи за љубовна драма, која е снимана на Преспанското езеро, во Битола и Скопје.
Во фокусот на приказната се наоѓа едно македонско семејство кое живее на работ на егзистенција.
Главните ликови во филмот ги играат: Кире Ѓоревски и Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Милица Стојанова, Мето Јовановски, Билјана Танески, Ѓорѓи Јолевски, Сашко Коцев, Камка Тоциновски и други.
Музиката за филмот е на Влатко Стефановски.
Директор на фотографија е Јарослав Шода од Полска, а монтажата е на Андрија Зафрановиќ од Хрватска.
Во продолжение погледнете го трејлерот
Еве ја и музичката тема за филмот