Макарска е град од исклучителна важност за растењето и творештвото на Милан. Милан Младеновиќ е роден во Загреб, живеел во Сараево и Белград, а летата ги поминувал во Макарска, родното место на неговата мајка Даница.
Жирито на Наградата Милан Младеновиќ 2024 во состав: Ања Рупел (Словенија), Дубравко Јагатичќ(Хрватска), Макс Јуричиќ (Хрватска), Никола Вранковиќ (Србија), Светлана Ѓоловиќ (Србија), во последниот круг на гласање имаше задача да ги оцени финалистите и да избере пет суперфиналисти, од кои ќе биде избран новиот лауреат на Наградата.
Суперфиналистите на Наградата Милан Младеновиќ 2024 се:
- Мојра – Арома(н)тична / Северна Македонија
- Ленни – Десна страна на книгата / Хрватска
- Немеќек – Мирија / Хрватска
- Шкофја Лока ВИС – Никогаш никој / Србија
- Тамара Мило – После една пролет / Србија
(Песните се претставени по азбучен ред.)
По преслушувањето на 318 песни пристигнати на конкурсот, На Макс Јуричиќ му остави посебен впечаток актуелната авторска сцена претставена со женското творештво: „Изненаден сум колку добра и разновидна музика постои на регионалната сцена, а особено колку има добри песни кои ги пејат или се автори жени“. Ања Рупел исто така беше позитивно изненадена од женското авторство, но изрази жалење што повеќе словенечки бендови и индивидуалци не се пријавиле на конкурсот, бидејќи знае колку инспиративни автори има Словенија, особено меѓу помладите генерации.
Дубравко Јагатиќ призна дека задачата на жирирањето не била лесна: „Самата помисла дека ќе морам да преслушам повеќе од 300 песни ме направи многу нервозен. Нервозата и анксиозноста се зголемија при преслушувањето бидејќи сфатив дека од тие 300 и нешто песни барем 280 автори останале заробени во минатото, без трага на креативност и авторски потпис. За среќа, околу педесетина песни влегоа во финалната селекција и речиси сите ги преслушав со задоволство повеќе пати бидејќи некои песни навистина ме фасцинираа. Така што сум сигурен дека ќе слушнеме многу повеќе од некои од авторите на тие песни во годините што доаѓаат. Посебно ме интересираше македонската сцена, поради што секое ново преслушање на пристигнатите песни од Македонија ми беше интересно и возбудливо“.
Никола Вранковиќ се осврна на основа на преслушаните пријави на конкурсот на сликата на регионалната сцена, која некогаш се нарекуваше југословенска: „Никогаш не постоел проблем со талентирани изведувачи и автори. Проблемот е во медиумската поддршка на тие луѓе, од земја до земја – во медиумското претставување на уметниците од една држава во друга на овие простори што ги нарекуваме регион, што инаку го сметам за глупав збор. Она што ме изненади е што моментално најмногу добри бендови доаѓаат од Македонија. Тоа што го слушнав ме натера да преслушам целосни албуми. Не сум само пријатно изненаден – некои ме и воодушевиле“.
Од 318 песни, кои ги исполнија конкурсните пропозиции, жирито прво избра 42 песни за полуфинале, а потоа и 12 финалисти кои ќе бидат објавени на промотивна компилација во продукција на Задужбината Милан Младеновиќ. Добитниците на оваа година Награда Милан Младеновиќ ќе бидат наградени финансиски: наградата изнесува 3.000 евра. Задужбината воспоставила долгорочна соработка со Exit Фестивалот, така што добитникот на Наградата Милан Младеновиќ 2024 автоматски ќе биде вклучен меѓу изведувачите на Exit 2025 година.
Сега веќе традиционално, за најиновативниот и најсвежиот тапанар, односно тапанарка меѓу финалистите на Наградата обезбедена е посебна награда – “Firche Drums” тапан. На најинтересниот вокален изведувач / изведувачка меѓу финалистите микрофонот ќе го додели Rock Radio и Mitros Music. Оваа година прв пат ќе биде доделена и награда за најдобар текст, која се состои од рамка со Миланов ракопис и вредносен ваучер од Бulevar Booksa од Нови Сад.