Изразот Ефект на пеперутката првпат го воведува американскиот научник Едвард Лоренц. Идејата е дека една пеперутка која се наоѓа во Бразил, со замавнувањето на нејзините крилја предизвикува многу мали атмосферски појави кои преку домино ефектот можат да резултираат со торнадо во САД. Со други зборови, батерфлај ефект (на англиски) е термин за тоа како малите и сосема незабележителни дејства можат да резултираат со огромни последици.
Во нашиов случај, тоа би значело дека ако имаш комшија што неколку пати доброволно и сам го чисти снегот од пред влез, тоа би можело да резултира со цел комшилук што ќе го чисти снегот во иднина. Ама во паралелен универзум, Македонија не е паралелниот универзум. А во овој, Македонија е баш тоа, и затоа стварите тука функционираат обратно, па со нив и ефектот на пеперутката.
И дечкото што секогаш го чистеше влезот од зграда кога ќе паднеше снег е сега чичко што не сака да го чисти дека никој друг не се нафаќа
— џимиринка (@Ref) January 9, 2017