Креативноста, урбаната визија и одржливите решенија за градовите на иднината претставуваат клучни елементи на проектите во рамките на 21-то издание на Меѓународниот студентски архитектонски натпревар. Овој важен настан, организиран од компанијата Saint-Gobain, ќе се одржи во Белград од 23-ти до 25-ти јуни 2026 година. Веќе повеќе од две децении, натпреварот е меѓу најзначајните светски настани посветени на идните архитекти и инженери.




