ФФМ обезбеди бесплатна опрема за вкупно 42 екипи во младинските категории (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки. Во донацијата се опфатени 1.848 деца.
Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.
„Опремата не смее да се наплаќа. Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата. Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ“, стои во соопштението.
СООПШТЕНИЕТО
📢 Фудбалската федерација на Македонија ги информира родителите чии деца тренираат во младинските клупски категории дека фудбалската опрема која ФФМ им ја донираше на клубовите е бесплатна.
🛑 ОПРЕМАТА НЕ СМЕЕ ДА СЕ НАПЛАЌА!
Добивме информации дека одредени клубови им бараат пари на родителите за опремата, што е строго спротивно на условите под кои ФФМ ја додели донацијата.
👉 Ве охрабруваме, доколку вашиот клуб побара надомест за опремата, веднаш да пријавите во ФФМ.
Нашата цел е младите фудбалери да имаат фер услови за развој и поддршка без дополнителен финансиски товар за родителите.
На линкот https://shorturl.at/VhpiK се наведени сите клубови кои ја добија оваа донација.
ФФМ ќе продолжи да ја следи ситуацијата и ќе реагира соодветно за да ја заштити секоја млада генерација.




