Драги читатели со гордост ви го сервиваме фактот дека и во Македонија постојат талентирани млади луѓе кои целосно се посветени да се усовршуваат во она што го сакаат.
„Springer” е името на најновиот македонски Електро Хаус хит, кој е компониран и продуциран од Silver Mind Production a.k.a Мартин Андов и Dirty Minds а.к.а Ѓоке Јованов и Јован Димитров – сите тројца се од Неготино.
Ова музичко парче тие го подготвувале повеќе од 3 месеци, а самите велат дека вложиле многу голем труд во неговата реализација.
Тие откруваат дека веќе е во план истото да се промовира од страна на една од најголемите продукциски куќи.
Бидејќи обожаваме да промовираме млади и амбициозни луѓе, ние им изразуваме голема поддршка, па наскоро се надеваме дека ќе ги гледаме со големи успеси на светската сцена.