Македонски државјанин уапсен со шест килограми хероин во Приштина

По интервенцијата од страна на косовската полиција, пронајдени се шест пакувања хероин со вкупна тежина од нешто повеќе од шест килограми, со проценета вредност од околу 150 000 евра, велат од косовската полиција

Дирекцијата за борба против трговијата со наркотици во Приштина, со помош на локалните безбедносни органи, идентификувала државјанин на Северна Македонија, осомничен за држење хероин подготвен за продажба. Оттаму велат дека хероинот на осомничениот му го донеле други две лица, кои потоа со автомобил го напуштиле местото на настанот.

„По интервенцијата од страна на косовската полиција, пронајдени се шест пакувања хероин со вкупна тежина од нешто повеќе од шест килограми, со проценета вредност од околу 150 000 евра“,

велат од косовската полиција.

Покрај запленетата дрога, како доказен материјал се запленети и два мобилни телефона, автомобил и 4 305 денари. Осомничениот е приведен и за него е определен 48-часовен притвор. Полицијата и понатаму трага по другите две лица.

- Реклама -