Македонскиот државјанин Ѓерѓ Ѓин бил член на бандата која што минатата година го изврши познатиот грабеж во продавница на „Ролекс“ во Бахреин.
Кражбата заврши со украдени 80 скапоцени часовници со вкупна вредност од 1,4 милиони долари.
Шестемина разбојници се маскирале како муслиманки со бурки и ја ограбиле продавницата во еден од трговските центри во Бахреин, по што успеале да му избегаат на обезбедувањето.
Крадците се идентификувани, но уапсен е само еден од нив, како и две други лица кои им помогнале да го напуштат Бахреин по грабежот. Властите трагаат по нив преку Интерпол.
На 36-годишниот македонски државјанин му се суди во отсуство и пресуда треба да му биде изречена следната недела.
Во продолжение, погледнете како изгледал грабежот на Ролекс – како во филм.