Македонски бомбардер во Тајланд (видео)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Марио Ѓуровски постигна прекрасен погодок за својот тим Муангтонг јунајтед во првенството на Тајланд.

Марио со проектил од 25 метри ја затресе мрежата на противничкиот тим Чиангмаи, постигнувајќи го првиот гол во триумфот од 3:0 на домашен терен. Ѓуровски беше асистент и на вториот погодок за својата екипа и ги заслужи аплаузите од публиката.

{youtube}Ifh1jhdgRCQ{/youtube}

- Реклама -