Одамна ни е познато „копи-пејст“ новинарството кое освен кај нас функционира насекаде низ светот. Но, од 15 интернет страници кои се одлучија да ја превземат оваа статија, добро ќе беше барем една да провери колку е таа веродостојна.
Станува збор за статијата именувана како „Македонската Памела Андерсон“, која ја превземаа повеќето македонски интернет страници, меѓу кои и некои од најчитаните.
Сепак, на фотографиите е прикажана српската старлета Сандра Лазовиќ, или попозната како Сандра Партизан, чија Фејсбук страница е позната поради нејзините чести разголени изданија. Очигледно, некој ги злоупотребил истите со цел да направи лажен профил на секси Македонка (која ја именувал како Сандра Ангелковска), на која не останаа имуни ниту интернет порталите.
Ова е профилот кој ги измами македонските новинари, а еве и линк до вистинската Сандра.