Македонска репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026
Македонската фудбалска репрезентација продолжува со настапите во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
„Црвено-жолтите“ по ремито со Белгија во Скопје во петокот, се подготвуваат за важниот меч против Казахстан, со цел да извојуваат победа и да останат конкурентни за високо место во Ј-групата.
Вчера, репрезентацијата го одржа официјалниот тренинг на теренот со вештачка трева, каде што ќе се одигра средбата.
Дуелот Казахстан – Македонија е закажан за 16 часот.
На табелата, Велс е лидер со 7 бода од 3 натпревари, следена од Македонија со 5 бода од 3 натпревари, Казахстан со 3 бода од 2 натпревари, Белгија со 1 бод од 1 натпревар и Лихтенштајн без бода од 3 натпревари.