“Катар 365” ја вброи работата на македонската дизајнерката Ирина Тошева во селекцијата на најдобри визуелни уметнички дела во Доха, почнувајќи од 5-тото издание на “Меѓународниот фестивал на уметност во Катар” и иницијативата “World Wide Walls”.
На Меѓународниот фестивал на уметности во Катар кој се одржа кон крајот на годината, учествуваа повеќе од 300 уметници од над 60 земји, меѓу кои покрај Ирина Тошева и петмина други уметници од земјава. Фестивалот е еден од најголемите фестивали од ваков тип во Катар.
Ирина Тошева влегува во изборот на “Катар 365” со нејзината визија за одржлив моден дизајн. Таа во своите дизајни ги користи и рециклира материјалите како што се парчињата стакло собирани на плажата и по нарачка од нив прави копчиња на јакни.
Инаку Ирина во програмата на Арт фестивалот во Катар минатиот месец се претстави со модна ревија со колекција инспирирана од бруталистичките градби во Скопје.
Покрај македонската дизајнерка, “ Катар 360” им одаде признание и на уметниците на мурали изложени низ Доха за влијанието што овој вид уметност го има врз урбаните простори.
Без разлика дали е изложена на јавни површини или поставена на глобални настани, катарската визуелна уметничка сцена го разубавува секојдневниот живот во сите 365 дена во годината.